Музика на кирилица

Ексклузивно: Ѓоко Ѓорчев најавува голем осмомартовски романтичен концерт (Видео)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатиот македонски Том Џонс или Ѓоко Ѓорчев, после големиот концерт во Македонската опера и балет подготвува голем солистички концерт. Ексклузивно дознаваме дека Ѓоко е во подготовка на голем осмомартовски концерт, секако посветен на жените, љубовта и се она што жените го посакуваат.

На овој интимен, неколку часовен романтичен концерт, познатиот пејач ќе изведе голем број на познати македонски и светски балади, љубовни песни, како и се она што ќе го посакаат тие на кој е посветен овој концерт. И овој пат во позадина за цело времетраење на концертот Ѓоко ќе го придружуваат големите и познати професионалци, врвни џезери и познати во Македонија и надалеку, Филип Стевановски Бенд.

Освен ѕвездата на вечерта, дознаваме и дека на концертот ќе се појават и голем број на познати колеги, пријатели и соработници на познатиот пејач кој на сцената ќе отпеат нешто во името и денот на жената – 8 март.

https://www.facebook.com/zaljubenotomomce82/videos/1946322622124260/

Можеби ќе ве интересира: