Музика на кирилица

Ѓоко Јовиќ и “Енерџи бенд” Новата година ќе ја дочекаат во Австралија (Видео)

Еден од моментално најпознатите фолк изведувачи во Македонија, Ѓоко Јовиќ заедно со “Енерџи бенд” Новата 2017-та ќе ја дочекаат далеку од сите нас, односно, тие токму таа вечер ќе ги забавуваат македонците и сите останати кои сакаат добра забава, а ќе бидат дел од новогодишната забава што ќе се случува во елитниот ресторан “Grand Neret Reception” во Мелбурн, Австралија.

И овој пат, како и секогаш кога настапуваат македонски познати музички имиња во Австралија, се бара карта повеќе за што подобро помината вечер во друштво на најблиските и најсаканите. Инаку пејачот Јовиќ неодамна стана татко по трет пат.

Во очекување на ново видео и нова песна од него и веќе споменатиот бенд, ви предлагаме да го погледнете неговото најново видео за песната “Сутра је нови дан”, неменето за балканскиот пазар.

Подготви: Марија Поповска

 

Можеби ќе ве интересира: