Музика на кирилица

Ѓоко Таневски отпеа песна за својата една и единствена љубов (Видео)

Неодамна поп пејачот Ѓоко Таневски на својот YouTube канал ја промовираше својата најнова песна “Една љубов имам”. Не знаеме кому Ѓоко ја има посветено оваа преубава љубовна балада, но од прво слушање песната влегува во уво и верувајте после долго време на македонската сцена, оваа песна е еден вид на музичко освежување.

И не е чудо што тоа е така со оглед на тоа дека музиката и аранжманот за оваа песна ја подготви веќе докажаниот и надалеку познат Никола Мицевски, текстот како што и претпоставувавме е на Ѓоко, додека зад режисерската палка стои познатиот македонски режисер Даниел Јовески.

Во видео спотот кој што е снимен на неколку интересни локации во Охрид, освен пејачот Ѓоко Таневски се појавуваат и моделите Мартин Нацевски и Maryse Jolene. Новата песна носи етно-поп стил, со фолк и џез примеси, правец кој во Македонија во последно станува се популарен, правец со кој Танески отвора ново поглавје во својата кариера.

“Сметав дека за пошироката јавност примамливо звучи овој стил и ме радува што изненадувачки позитивни реакции прстигнуваат од сите страни, а тоа е одличен позаказател дека публиката со леснотија ја прифати и песната и промената на стилот”, рече Танески во емсијата “Radio Corner” на Супер радио. Тој во интервјуто меѓудругото кажа дека до година треба да излезе неговиот нов албум.

Во продолжение, погледнете го новиот видео спот за најновата песна на Ѓоко Таневски “Една љубов имам”.

Можеби ќе ве интересира: