Музика на кирилица

Глигор Копров со песна на „Сплит 2023“ (Фото)

Утре вечер, петок- 30 јуни, на престижниот, можеби најдобриот фестивал од екс – ју простори, Сплитскиот фестивал, талентираниот Теди Грубица ќе ја испее „Сунце и ја“, песна што ја потпишува Григор Копров, по текст на Роберт Пилепиќ и со аранжман на Владимир Дојчиновски.

Во богатата музичка биографија на фестивалот, настапуваа и победуваат најголемите имиња, најдобрите интерпретатори: Тереза, Оливер, Џибони, Дино Дворник, Љупка Димитровска, Маја Оџаклиевска, Мики Јевремовиќ, Мери Цетињиќ…, а Коров се натпреварувал со седум песни од кои публиката и денес ја памети „Да море зна“, што во 1986 година ја изведе Калиопи.

Теди Грубица ќе настапи со песна од Глигор Копров

Инаку, неколку претставника од ова 63-то издание на Сплитскиот фестивалот, ќе настапат на „Охрид фест“. Како што рече организаторот, големиот јубилеј, 30-то издание на фестивалот ќе значи и збратимување и соработка со врвни музички фестивали.

Можеби ќе ве интересира: