Музика на кирилица

Групата “Меморија” со песна ви ја честита Новата година (Видео)

И после речиси две децении од издавањето на албумот “Оган под ѕвездите” на тогаш мега популарната македонска група “Меморија”, и ден денес со големо задоволство и сеќавање на тоа време се слушаат тие препознатливи и никогаш незаборавени хитови. Еден од нив е и песната “Среќна нова”, за која деновиве на YouTube е пуштен и видео спот подготвен од фотографии и снимки од приватните архиви на дел од членовите на оваа група. На овој начин “Меморија” и нејзините членови ве потсетуваат дека сепак тие се тука, а воедно и ви ја честитаат Новата 2017-та година. Во продолжение погледнете го видео спотот.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: