Неодамна на нашиот музички портал пишувавме за новиот видео спот на младата Магдалена Цветковска Ена, но истиот по само неколку дена од засега непознати причини беше отстранет од музичкиот интернет канал YouTube. Од матичната продукција “Горила” велат дека не ја знаат причината зошто е отстранет спотот, но истиот е повторно прикачен и сите кои сакаат да го погледнат истото можат да го сторат на официјалниот YouTube канал на Магдалена.
Спотот комплетно е изработен од познатиот режисер Владимир Дади Ивановски кој што е дел од “Горила”, а за песната, секако се погрижија Лазар Цветковски и самата пејачка.
Подготви: Марија Поповска
