Музика на кирилица

Хрватската поп естрада на промоција кај Калиопи

Македонската и балканска позната поп-дива Калиопи во Загреб во престижниот ноќен клуб “Грин Голд Клаб” го промовираше својот нов албум “Мелем” пред хрватската публика. Иако новиот албум е веќе познат во поранешните југословенски републики, сепак, Калиопи во само нејзин стил подготви неописливо незаборавна промоција, пишуваат хрватските медиуми.

Албумот “Мелем”, кој е комплетно дело на Ромео Грил, има 10 песни од кои некои веќе се препознатливи хитови, а истиот за Хрватска го издава познатата дискографска куќа “Хит Рекорс”. На промоцијата меѓудругите се појавиле и Северина, Неда Украден, Тереза Кесовија, како и Кемал Монтено кој и честитал за новиот албум.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: