Музика на кирилица

Игор Узунов ќе настапи на интернационален фестивал во Москва

Музичкиот портал Музика24 дознава дека познатиот поп пејач Игор Узунов и заштитното лице Хуманитарната фондација “Срце од срце” на 10-ти август ќе настапи на големиот Интернационален фестивал “Пироговски Расвет” во Москва, Русија. Таму ќе ја изведе песната “Постојам”, со која на почетокот на годинава стана петкратен победник на Интернационaлниот видео музички фестивал “Passport to the World”, во Кипар, победувајќи во сите категории.

Автор на песната е кипарскиот евровизиски композитор Михалис Антониу, текстот е на Игор Узунов, а аранжманот на Бертан Аслани. Режисер на спотот е Мерт Аслани. Победата во Кипар на Игор му ја донесе и поканата за учество и на “Пироговски Расвет”. Освен оваа песна, според протоколот на фестивалот потребно е да испее и руска песна, така што тој веќе го подготви рускиот хит “Реони и квартали”, песна со брз и динамичен ритам и со убав балкански призвук. Организаторот најави дека додека Игор ја изведува “Постојам”, во заднина на лед екрани ќе оди спотот на “Постојам”, затоа што тие оцениле дека е премногу добро изработен. Фестивалот е од интернационален карактер, а ќе се одржи на еден познат московски стадион, во организација на агенцијата за фестивали и концерти “Империја”. Како член на Меѓународното жири ќе патува новинарката Валентина Ѓоргиевска. Узунов овој настап го доживува како, цитираме:

“Отворена врата за полесен начин да допрам до светот на музиката, до луѓето низ светот, да влезам со моите песни во нивните срца и да украдам симпатии од публиката во Москва, од која очекувам поддршка. Огромна чест ми е, уште поголемо задоволство да ја претставувам мојата татковина! -Гордост ни е што мојот ексклузивец доби ваква привилегија и шанса. Многуте проби и часови за усовршување на вокалната техника верувам дека ќе му донесат настап на кој тој ќе е сигурен во себе и ќе се претстави во најубаво светло”, изјави неговиот менџер, професор Ќазим Асотиќ.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: