Музика на кирилица

Јасмин Алиевски снимаше видео спот за новата “Сакам да заборавам”

Младиот и веќе познат македонски поп пејач Јасмин Алиевски неодамна го снимаше неговиот најнов видео спот за песната “Сакам да заборавам”. Новата летна песна е во лесен латино ритам, а за истата главни “виновници” се тандемот Лазар и Магдалена Цветковски. Лазар како и секогаш се погрижи за музиката и аранжманот, додека Магдалена за текстот.

Но тој не застана само на тоа, заедно со екипата на “Горила продукција” и главниот режисер Владимир Дади Ивановски го реализираше својот прв видео спот кој се снимаше во Охрид. Музика24 ќе биде дел и од официјалната промоција од која што секако ќе ви доловиме за се она што се случуваше на неа.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: