Музика на кирилица

Ексклузивно: Јоце Панов на забавата на специјализираната телевизија за вести – 24 Вести

Јоце Панов пред само два дена во Струмица го промовираше својот најнов видео спот за песната “Љубовна религија”. И иако со повредена нога тој е речиси секаде. Вчера вечер во “Мезе Бар” беше специјален гостин на забавата на единствената специјализирана телевизија за вести во Македонија, 24 Вести по повод 2 години од нејзиното постоење.

Новинарите кои пред сите нас на тв екраните секојдневно сериозно ни ги презентираат вестите и случувањата од земјата и светот, дебатираат и полемизираат, вчера вечер можевме во оваа прилика да ги видиме како играа, пееја и се забавуваа, и се разбираа имаа одличен повод за тоа, својот 2 годишен роденден, 2 години постоење на македонскиот телевизиски етер.

Нашата редакција им го честита роденденот, и им посакува уште многу години постење и информирање на гледачите, а на Јоце му честитаме за уште една одлична и професионална забава.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: