Музика на кирилица

Јордан Митев наскоро со нов албум и јубилеен концерт (Аудио)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатиот македонски фолк пејач, миленик на сите генерации, препознатливиот Јордан Митев оваа година заокружува 15 години музичка кариера на македонската музичка сцена. По тој повод, фолк пејачот по заврчувањето на летните одмори планира да оддржи голем солистички концерт.

Освен најавата за јубилејниот концерт кој што според нашите сознанија би требало да се оддржи во Скопје, Јордан е при крај и со неговиот најнов студиски албум “Наздрави за љубов, наздрави за среќа”, на кој ќе се најдат околу 4 нови песни.

Но, пред промовирањето на најновиот студиски албум и јубилејниот концерт, денес на музичкиот портал Музика24 фолк пејачот ја промовира неговата најнова песна “Жена за 100 години”, на која што како и на сите останати песни и оваа е негово комплетно авторско дело.

Во очекување на официјалниот видеоспот, ви предлагаме да ја слушнете неговата најнова песна “Жена за 100 години”.

Уживајте!

https://www.youtube.com/watch?v=AHK2tBc8MiI&feature=emb_logo

Можеби ќе ве интересира: