Музика на кирилица

Како изгледаше Велевска на почетокот на кариерата?

Елена Велевска важи за една од најдобрите, најбараните фолк поп пејачки кај нас. Од нејзиното прво појавување постави некои стандари кои до тогаш не беа видени.

Првата песна која Велевска ја снимила се вика “Сонувам”, но по објавувањето на “Пу,пу машала” го сврте вниманието кон себе и од таму започна се. Првиот спот Елена го платила 1500 марки, а и денеска важи за некој кој најмногу вложува во својата кариера, па и кога се видео записите во прашање. Досега Велевска има соработувано со најеминентните режисери кај нас, но и пошироко меѓу кои: Александар Ристовски-Принц кој го режираше спотот за песната “Наркотику мој”, Чедо Поповски беше задолжен за “Невина”, Дејан Миличевиќ за “Воздух”, Даниел Јовевски “Македонијо мајко страдалнице”, Бане Томато режираше два спота на Велевска за песните “Погледни ме за крај” со кој се претстави во Бугарија и ја освои тамошната публика и “Говорот на телото”, покрај нашите македонски, српскиот режисер, соработувала и со еден од најдобрите од Бугарија, Љуси.

Велевска не изгледа многу различно од првиото видео до сега, бојата на косата и тоа што е мајка на три деца, има успешна кариера, договор со продукциска куќа надвор од Македонија и за нејзините настапи, концерти се бара билет повеќе.

А како изгледаше Елена во првиот спот, погледнете:

Можеби ќе ве интересира: