Македонската поп-дива Калиопи продолжува со концерти низ поранешна Југославија. Следен град на нејзината агенда е Биело Поле во Црна Гора. Концертот ќе се одржи на 27 јули на градскиот плоштад.
Калиопи последните години одржа десетици концерти во Србија, БиX, Црна Гора и Хрватска. Таа е дефинитивно најангажиран македонски изведувач во регионот.
