Утрото на 16-ти октомври 2007 година беше кобно за македонскиот пејач Тоше Проески кој почина во сообраќајна несреќа на пат за Хрватска на местото наречено Нова градишка. Македонската музичка сцена тогаш го изгуби најдобриот музички вокал и пејач, естрадните уметници изгубија пријател и колега, а неговото семејство го изгуби најдрагиот, најсаканиот член.
Носталгијата и тагата по Тоше Проески и неговата музика не престануваат ни по 14 години. Тој зад себе остави бројни песни, хитови кои ќе се пејат засекогаш.
Денес, 16-ти октомври 2021 година, се навршуваат 14 години откако згасна животот на најголемата македонска музичка ѕвезда. По тој повод, балкански познатата пејачка Калиопи Букле се огласи на својот Инстаграм профил со емотивна порака. Таа објави видео, а во описот му посвети стих од песната „Бар да си ту“ („Барем да си тука“).
„Барем да си тука и да те имам крај себе.
Барем уште еднаш моите раце да те гушнат”.
