Музика на кирилица

Калиопи го организира првиот он-лајн музички фестивал во Македонија

Калиопи Мјузик Продакшн со цел да ги зближи фановите на нашата дива Калиопи и едноставно тие меѓусебно да се дружат и запознаат, го организира првиот “Калиопи фан фестивал” кој нормално ќе се одржува он-лајн на социјалните мрежи, а истиот е поделен на три дела.

Првиот дел, кој што е веќе во тек, ќе трае до 25-ти јули и истиот ќе опфаќа гласање и давање на три најдобри според вас омилени нумери од последниот албум на Калиопи “Мелем” и истото ќе се одвива на официјалната фан странца на Фејсбук на нашата најпозната пејачка. По завршувањето на првиот дел, започнува и вториот дел кој ќе трае 1 месец односно од 25-ти јули до 25-ти август. Трите песни кои ќе бидат предложени од ваша страна, а се со најголем број гласови ќе бидат поставени на официјалниот YouTube канал на Калиопи во вид на кареоке верзии се со цел обожавателите да можат да ги превземат и истите да ги искористат за снимање на своите кавер интерпретации. И во третиот и последен дел кој што ќе започне од 25-ти август и ќе трае се до 10-ти септември за кога е и најавено финиширањето на овој проект, ќе се гласа за сите испратени и објавени ковер верзии на официјалната фан страна на Фејсбук и истото ќе заврши во веќе предвидениот рок точно напладне.

За тројцата најдобри учесници на “Калиопи фан фестивал” се предвидени три награди и тоа: првата е викенд на некоја дестинација во Македонија (по избор на добитникот), запознавање и дружење со Калиопи. Втората награда е ВИП-третман влезници и присуство на бекстејџ на еден од концертите на Калиопи планирани за оваа есен и како трета и последна награда е албумот “Мелем” и додатоци со посвета од Калиопи. Музика24 како специјализиран музички портал редовно ќе ве известува за сите новости кои ќе бидат поврзани со овој музички настан.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: