Турнејата на Каролина која започна на 1-ви март продолжува во Германија, со 6 концерти во 6 различни града. Во организација на Авалон и Legacy Event, големата Каролина, во живо со својот бенд и со 120 минутна “best of” програма ќе настапи во:
– Штутгард 23.11.2024 – Osterfeldhalle
– Нирнберг 26.11.2024 – Z-BAU
– Дизелдорф 29.11.2024 – Centurium
– Мајнц 01.12.2024 – KUZ Werkhalle
– Хамбург 13.12.2024 – Markthalle
– Берлин 16.12.2024 – Columbia Theater
Станува збор за турнеја во еминентни сали и концертни простори во кои имаат настапувано многу интернационални и германски артисти. Сите информации околу влезниците ќе бидат достапни утре (5-ти септември).

