Музика на кирилица

Каролина Ве кани на летната турнеја насловена “Смеј ми се смеј”

По одличните шест промо концерти во Македонската опера и балет на новиот етно-албум “Македонско девојче 2”, Авалон продукција и Каролина Гочева Ве канат на турнеја низ Македонија наречена: “Смеј ми се смеј”. Летната турнеја ќе ги опфати и античките театри во родниот град на Каролина Битола, како и Охрид, а за прв пат оваа наша позната поп пејачка ќе настапи во Дојран и тоа за време на големиот македонски празник Св.Илија односно Илинден.

Како што не известуваат од Авалон продукција, досега на неколку наврати требаше последниот албум на Каролина да биде промовиран низ балканските земји, но поради веќе познатите причини тоа не се случи. Дали таа замисла останува за наесен, останува да видиме и во меѓувреме да уживаме во турнејата која допрва следува.

Подготви: Кристина Секуловска

Можеби ќе ве интересира: