Музика на кирилица

Кики од „Дајте музика“ сними преработка на „Лео“ од Калиопи (Видео)

Една од најпознатите песни на Калиопи – „Лео“, доби преработка од Кики Мукаетова, позната на пошироката јавност од детскиот серијал „Дајте музика“ и по учеството на Детска Евровизија 2021 година како дел од „Green Forces“. Во нејзин автентичен стил песната не носи на едно ново искуство, а сепак не враќа назад во времето. Спотот е снимен на повеќе локации низ Скопје и совршено го отсликува патувањето на Кики со „Лео“ и ни ја дава нејзината верзија од приказната.

„Идејата за изборот на кавер за „Лео“ дојде некаде во март 2022 година. Авторите на оригиналната верзија од 1986 година сакаа автентичност во преработката, а истражувајќи на темата дознав и зошто. Калиопи ја ОБОЖУВАМ! Мојата генерација често ги пее „Обои ме“, „Црно-бело“, „Дали ме сакаш“, но не знаев дека „првиот успешен сејугословенски хит“ – како што се нарекува „Лео“ – ѝ ја донел на Групата Калиопи наградата за најдобра интерпретација од страна на југословенски новинари на фестивал во Опатија во 1985 година. За таква дива и таква награда навистина мораше да се задржи автентичноста! Калиопи, ти благодарам за довербата“. – вели Кики.

Кики отвори и своја веб-страница www.kiki.mk, на која може да се најдат интересни детали за нејзиниот живот и кариера. За сите што сакаат подобро да се ја запознаат Кики, веб-страницата е вистинското место за тоа. Токму таму таа сподели и детали од работата на оваа преработка.

 Оригиналните автори дадоа зелено светло за аудиото. Оригинална матрица немаше. Секако имало некаде на некоја магнетна лента, па Александар Митевски преработи сѐ од почеток. А кога пеевме, тој рече: „осум-октави“. Си помислив само „невозможно“.

Можеби ќе ве интересира: