По повод денот на вљубените 14-ти февруари, младиот и се познат македонски поп пејач Филип Пешевски ја промовираше неговата најнова песна насловена: “Крај мене во бело си”. Како што изјави Филип за музичкиот портал Музика24, комплетната идеја за песната е негова, односно, музиката за истата ја напишал самиот тој. Аранжманот е на Никола Автовски, додека пак текстот е на веќе докажаниот Елвир Мекиќ.
“Спотот се снимаше три месеци на различни локации низ Македонија. Идејата за спотот беше моја, а истата ја реализирав со BlackMagic продукција. Во овој видео спот учествуваат околу 85 статисти кои се мои пријатели и без кои ќе беше многу потешко да се реализира овој видео спот. Се надевам дека во ова “лудо” време на лаги, измами и неверства, македонската публика ќе ја разбере приказната која што сакам да им ја раскажам преку мојот нов видео спот”, додава Филип за нашиот музички портал Музика24.
Ова е негова втора самостојна песна, инаку Филип е дел од познатиот и веќе докажан македонски бенд “Арија”, каде веќе долго време е вокал на групата. Во продолжение, погледнете го видеото каде сите се во бело.
