Музика на кирилица

Кристијан Пашоски го најавува спотот за неговиот хит ова лето

“Фантазија” е насловот на новата песна на Кристијан Пашоски, која во јавноста ќе се појави за неколку дена, односно на 10-ти јули, а заедно со песната ќе се појави и видео запис за истата. Се работи за летна песна во хаус електро стил, за која не се сомневаме дека ќе биде хит ова лето. Музиката и аранжманот се на Мими Марковски, додека пак текстот е на Елена Трпковска.

“Спотот повторно е во соработка со Dream Cast Production. Снимањето помина одлично, се снимаше еден ден во студиото на продукцијата, во една супер пријатна атмосфера. Нека очекуваат многу ефектен, интересен и различен видео запис, со многу бои карактеристично за овој период од годината, за кој се надевам ќе му се допадне на самата публика”, изјави Кристијан. Наскоро очекувајте го новиот видео запис на Кристијан.

Подготви: Ивана Поповска

Можеби ќе ве интересира: