Во саботата, седми декември се одржа долго најавуваниот концерт на “Куку Леле”. Во преполниот Експо Центар (поранешен Колосеум) едноставно немаше место каде да се свртиш, одличното озвучување, осветлување и забава му годеа на Скопје и овој град кој само на момент се подсети на она што е вистинска забава. Со непрекинато пеење на присутната публика и следење на “Куку Леле”, започна и заврши концертот, а повеќето од 3000 присутната публика, долго време ќе го памети 7-ми декември 2013-та.
Подготви: Редакција Музика24
