Во најновото издание на YouTube емисијата “Жешко столче”, чии автор и водител е младиот Никола Трпковски, гостува веќе докажаната Лара Иванова, поп пејачка која минатата, а посебно оваа година е активна на музички план. Последно од неа е настапот на Фестивалот на забавни мелодии каде ја исполни композицијата “Душа”.
“Ние кога подготвуваме песни никогаш не одиме со некоја намера да биде брза или не песната. Почнуваме, правиме демо, пееме, гледаме да е убава и позитивна адмосферата во студио и сето тоа да се прави од љубов. Ние никогаш не сме рекле: “Оваа песна сакаме да биде хит” или “Ајде даљ направиме брза песна, ајде да направиме балада”.Не… ако е такво расположението за балада правиме балада, ако е такво расположението да направиме брза песна, за на радио тогаш правиме таква песна и навистина до сега и како што и самиот кажа, секоја песна досега ни се погоди. Можам да кажам дека ќе искочат хитови”, вели младата поп пејачка Лара, која зад себе веќе има многу познати и слушани хит песни.

Таа меѓудругото во “Жешко столче” открива и дека досега никогаш нема учестувано на некое музичко натпреварување, но и дека никогаш не е доцна за тоа, ретко ја препознаваат на улица, но песните чесни и ги пејат што и е посебно драго. Верува дека во Македонија има надеж за младите музички лица кои се појавуваат и дека може да имаме многу добра македонска музичка естрада. Не брза со нејзината музичка кариера, иако е на почеток пред се сака да биде препознатлива и позната тука кај нас, а потоа и на Балканот. Нема музички идол, но затоа пак секогаш црпи инспирација од светски познатите музички ѕвезди Аријана Гранде, Ријана, Били Ајлиш…
Што друго Лара ексклузивно открива за “Жешко столче” погледнете во продолжение:
Подготви: Редакција Музика24
