Овие одлични инструменталисти познати во јавноста по нивните изведби на познати музички нумери како од македонската поп музика, така и од светската музичка сцена, пред извесен период започнаа со подготовка на нивни авторски песни. Имено, како што и тие самите открија за нашиот музички портал Музика24, се работи за сосема поинакви композиции каде ќе има мала мешавина од поп и рок што значи дека буквално ќе бидат опфатени сите стилови на музика нормално со придружба на нивните инструменти како саксафон, конги, гитара и тапани.
Она што е интересно за овој состав кој веќе две години функционира како таков е што изведуваат песни, но со поинаква “димензија” т.е. даваат свој личен печат на познатите светски хитови што досега го немаме слушнато, но иако настапуваат како целосен бенд тие и на поголеми места се и со придружба со DJ.
Доказ дека овој бенд знае да направи како некој што велат “од ништо нешто”, е и саботната журка во познатиот локал во стара чаршија “Village bar”, иако беше доста врнежливо, сепак за овие дечки не беше пречка да направат феноменална журка која веруваме публиката која доста добро ги знае и почитува беа изненадени од нивниот двочасовен перформанс.
Подготви: Редакција Музика24
