Легендарниот австралиски гитарист Томи Емануел, кој се смета за најдобриот светски акустичен гитарист пред неколку дена настапуваше на фестивал во Црна Гора заедно со легендарниот македонски гитарист Влатко Стефановски. Емануел потоа гостуваше во Србија, каде во таа прилика даде интервју за српските медиуми. Во интервјуто Емануел не штедеше пофални зборови и воодушевување од изведбата на Влатко.
О, тој е спектакуларен. Влатко има многу страни на неговата изведба. Постои традиционален народен, балкански начин на изведба. Има елемент на џез и рокенрол. И има голем жар во изведбата. И го видов пред некоја вечер, затоа што свиревме на настап во Црна Гора и прво свирев јас, а потоа тој со оркестарот. И ја видов неговата нежност во свирењето. Неговата чувствителност. Тоа беше прекрасно.
Емануел беше запрашан и за анегодоти од дружењата со Стефановски.
О, Влатко е забавен тип, со кој треба се оди на пат. Јас сум тип на човек кој смета дека сите Работи се прекрасни. А тој е како „Па, може и подобро, знаеш“… Не е негативен. Тој едноставно не е Mr.sunshine. Така, понекогаш е добро да се има оваа рамнотежа, знаете, па не само лично, туку и музички. – вели емануел.
