Македонската радио и телевизија го потврди учеството на земјава на Евровизија 2024. После една година пауза Македонија ќе настапи на евровизиската сцена во Малме следниот мај. Намерата за учество се потврдува и со предвидената буџетска ставка во годишната програма на МРТ за 2024 која изнесува 1.5 милион денари (24.345 евра).
„Програмата на Македонската Радио Телевизија во 2024 година ќе биде
одбележана и со учеството на Изборот за песна на Евровизија 2024 година каде што
ќе бидат презентирани македонските музички вредности преку песната – учесничка на овој фестивал“, стои во програмата на МРТ.
Евровизија 2024 ќе се одржи од 7-ми до 11-мај во Малме, Шведска. Официјално Македонија не учествуваше во 2023-та поради финансиски причини предизвикани од кризата, но учеството во 2024-та година не беше исклучено ако состојбата се стабилизира.
