Деновиве познатата македонска група “Eye Cue” на својот официјален YouTube канал ја промовираа новата песна, односно, преработката на македонската народна песна “Јано мори”, но во оргинална и само за нив специфична изведба, онака како што само тие можат да ја доловат оваа песна. Бојан Трајковски член на “Eye Cue” на својот Фејсбук профил промовирајќи ја новата песна напиша:
“Оваа песна е омилена на нашите родители и сме ја слушале безброј пати во нивна изведба, a eве како ние ја доживуваме “Јано Мори” една од најубавите македонски песни за едно од најубавите имиња ЈАНА! Тагнете во коментар некоја ваша “Јана” на која и ја посветувате песнава”, напиша тој на ФБ. Истовремено ги потикна сите оние кои имаат некоја сакана личност која што се вика Јана да ја тагираат, тие ги тагираа сестраму на Бојан, нивната кореографка, минатогодишната евровизиска преставничка, другарки… и сите со најубавото име според нив, Јана.
А во продолжение уживајте во нивната најнова песна, македонската народна песна “Јано мори” во нивна изведба.
