Пејачката Маја Оџаклиевска се повлече од јавната сцена, бидејќи, како што вели, уморна е од сѐ. Гостувајќи во една емисија, нашата поп-дива откри детали од приватниот живот што малкумина ги знаат.
„Имав 12 таканаречени бракови. Во оној момент кога ќе започне да ми пререкува или да се однесува на начин што не ми се допаѓа, јас му ги ставам сите работи во кеси за ѓубре и му велам: „Работите ти се пред врата“. Чао, довидување и нов брак. Мајка ми велеше: „Еден се противеше, друг се протегаше“, изјавила таа.
Жената чија музика стана евергрин, понекогаш гостува во некои телевизиски емисии или се појавува во јавност кога треба да прими награда. Потоа, брзо се враќа дома каде што и е посветена на грижата за својот десетгодишен внук Лука, кому во петтата година од животот му бил дијагностициран аутизам.
„Најмногу време поминувам со Лука, и што се однесува до некои негови рутини, тие денови не се менуваат многу, но секој е различен, бидејќи зависи од неговото расположение. Ако е нерасположен, одиме во парк. Тоа е просторот каде што тој закрепнува. Најчесто не си игра со други деца, па го водам да се качува по дрвја. Многу е спретен и обожава адреналин. Не му пречат другите деца, бидејќи си игра своја игра. Неговиот фокус е краткотраен. Кога и да му се обраќам, тоа го правам смирено, кога ќе полудам, тој почнува да плаче“, искрено раскажала Маја пред неколку години за магазинот „Глорија“.
