Рок дуото “Next Time” на голема врата влегува на бугарскиот музички пазар. На покана од една позната продукциска куќа од Бугарија, идната среда, на 20-ти март, Стефан и Мартин заедно со својот бенд ќе одржат концерт во најелитниот рок клуб “Рок ит” во Софија.
“Концертот ќе биде една спектакуларна увертира за тоа што следи од “Next Time” во Бугарија. Секојдневно одржуваме тонски проби со членовите од бендот затоа што сакаме да звучиме беспрекорно како големите светски рок групи. Знаеме дека публиката во Софија веќе подолго време нè очекува, па затоа ќе и приредиме шоу за паметење”, изјавуваат Стефан и Мартин.
По концертот во Софија, “Next Time” ќе се вратат во студио, каде веќе започнаа со работа на новиот материјал кој што ќе се најде на нивниот трет по ред студиски албум. Видео записот за темата “Next Time” беше последното нешто кое што го видовме од момците од вториот албум “На крајот од денот”.
Подготви: Александра Блажевска
