Кандидатот за градоначалник на Штип од Интегра-Македонска кознервативна партија, Симон Поликарп, во својата кампања за градоначалник на Штип ги вметна познатиот фестивал „Макфест“ и престижната Евровизија.
Како еден од приоритетите во неговата кампања е изградба и на нова концертна сала, во која што би се одржувал фестивалот „Макфест”, а со тоа како што вели би станал интернационален и светска атракција. Партијата Интегра која на парламентарните избори оваа година ветуваше вселенски центар, сега има намера во Штип да се одржува и Евровизија.
„Интегра футуристички гледа и тоа напред, а концертната сала, како надвор, така и внатре би имал футуристички изглед, во склад со времето во кое живееме“, вели Поликарп.

