Mладите пејачи Теа Трајковска и раперот Таско се одлична спојка кога ќе ги вкрстат своите таленти за музика. Нивниот настап на овогодинешниот „Макфест” беше еден од најдобрите, а доказ за тоа е нивната песна „Сатурн”, која е апсолутен хит на сите наши радиостаници.
Испровоцирани од одличниот прием од публиката, Теа и Таско снимија и акустична верзија и „Сатурн” доби една поинаква димензија.
