Македонскиот пејач Марио Арангеловски веќе извесен период работи на своето тело, изглед и трансформација. Тој веќе подолг временски период со својот личен тренер ги работи вежбите како и на кој начин своето тело да го доведе со совршенство. И мора да признаеме, тоа одлично му оди.
Во текот на денешниот ден, Марио на својот Инстаграм профил објави фотографија од тоа како тој моментално изгледа. За разлика од оној Марио пред неколку месеци, овој Марио пополека но сигурно си ја постигнува својата цел. Браво и секоја чест, ова само докажува дека со упорноста која ретко кој ја има може да се постигне апсолутно се.


Инаку, Марио Арангеловски освен што е познат на македонската музичка сцена, тој веќе со години е и познат Јутубер каде што снима и објавува свои видеа од патувањата, секојдневието и се она што му е интересно и тој мисли дека треба да се објави.
Неговата последна песна “Фон” која што ја сними со Мише привлече внимание кај македонската публика и ден-денес се врти по македонските радио и тв станици.
