Битолскиот продуцент Мими Марковски сними преработка на познатата народна песна „Билбил рано пее“. Со скратен наслов „Билбил“, за преработката е создаден нов аранжман, кој е вистински спој на традиционално македонско и електро.
Мими веќе 10 години работи на многу проекти со различни артисти во своето студио Гимел. Тој во ноември по долга пауза објави своја песна. Последниве неколку години покрај со своето студио, Марковски работи како телевизиски новинар.
