Музика на кирилица

Младиот Мартинијан Кириловски ќе пее за помош на Ивана Величковска

Младиот и веќе познат поп пејач Мартинијан Кириловски заедно со бендот “Х.К.Б.” утре со почеток во 21 часот ќе настапат на голема хуманитарна забава во Касапски круг, Куманово се со цел да помогнат при собирање финансиски сретства за помош на Ивана Величковска. Влезницата за големата хуманитарната забава чини само 50 денари, а истата се одржува под мотото: “Хуманоста не познава граници.

Донирај за Ивана и подари и живот. Заедно посилни од се!”. Инаку, Ивана Величковска боледува од леукемија и за нејзиното лекување кое треба да се изврши во Германија потребни се 150.000 илјади евра.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: