Младото, талентирано, згодно момче кое што сите го запознавме на големото регионално тв шоу “X Factor” поминувајќи низ скопскиот плоштад направи вистинска атракција и привлече внимание на минувачите кои во моментот се најдоа во центарот на Скопје. По молба на своја блиска пријателка со која што Урош го шетал градот, тој сосема случајно му пристапи на уличниот музичар, кој рака на срце исто така одлично свири и пее, и земајќи го микрофонот од него почнаа да ја пее познатата “All of me” од Џон Леџенд. Сите оние кои намерно или не поминуваа низ скопскиот плоштад ја имаа таа ретка привилегија да уживаат барем 5 минути во одличниот вокал на Урош.
Подготви: Магдалена Атанасовска
