Големиот број на обожаватели на Тоше Проески ја добија честа да ја промовираат новата необјавена песна на Тоше на настан кој ќе се одржи на 5-ти октомври на Плоштадот “Македонија”. Песната носи наслов “Light the Flame” и претставува најава за новиот албум кој Тоше го снимил во Лондон.
“Недостасуваат зборови за да се опише среќата и задоволството кое го чувствуваме што ја добивме привилегијата и честа за прв пат ние фановите да промовираме нова песна од Тоше. Песната се вика “Light the Flame” и ќе означува најава за новиот албум снимен во Лондон. Многумина се чудат и прашуваат: “Како нова песна, нов албум, кога него го нема веќе 10 години”? Ете баш тоа е нештото што го прави посебен, ова е уште еден доказ за неговата песветеност кон музиката “Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”, се вели на Фејсбук страницата: Промоција на нова песна – Тоше Проески.
Подготви: Филип Етмишовски
