Музика на кирилица

На концертот на Џибони специјален гостин – Ламбе Алабаковски

Вчера пишувавме за преоѓањето на Ламбе во “План Б” продукција, а веќе денес имаме нова информација. На концертот на познатата хрватска ѕвезда Џибони кој што ќе се оддржи на 16-ти ноември во спортската арена “Борис Трајковски” како специјален гостин од Македонија ќе настапи токму Ламбе кој меѓудругото и самиот вели дека Џибони му е еден од омилените музичари од Балканот.

А што се однесува до Ламбе, тој за скоро време ќе сними видео спот за нова песна, а истовремено се подготвува за “Скопскиот фестивал”, како и за новиот четврти албум.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: