Познатата македонска рок група “Line Out”, утре 29-ти мај среда ги кани сите свои фанови, обожаватели и подржувачи на нивната работа на промоција на новиот спот за песната “Ова лето”. Тие неодамна го снимаа спотот, а веќе утре и ќе го промовираат новото видео парче. Премиерното прикажување на спотот ќе се одржи на промоцијата која ќе се случува во Lounge Bar “Red Caffe” кое се наоѓа во населбата Аеродром во Скопје, со почеток во 12 часот. Доколку сте фанови и ја подржувате и сакате нивната музика, ова е вистинска прилика да се запознаете со нив и во живо да слушнете како вистински звучат.
Претходна објава
Следна објава

