Музика на кирилица

Наскоро нов албум на Кристина Арнаудова

Иако во неколку наврати го најавуваше, конечно новиот албум на познатата поп пејачка Кристина Арнаудов ќе излезе во текот на месецот април. Дознаваме дека од новиот албум треба да се снимат само уште две песни. Арнаудова за својот нов албум ќе соработува со белградската група Ван Гог, со која што ќе сними песна, но дали песната ќе биде нова или нешто веќе слушнато тоа останува да видиме и слушнеме.

Се споменува и дует со Прљаво Казалиште, но сепак нашата поп пејачака не сака се да открие повеќе и остава тоа да биде изненадување за сите нејзини фанови. Таа на својот профил на социјалната мрежа facebook најавува нова песна за месец март, а месец потоа и албум. Се надеваме дека времето ќе се погоди и како што самата Арнаудова вели, се ќе биде добро.

Подготви: Маргарита Робевска

Можеби ќе ве интересира: