Музика на кирилица

Наскоро пристигнува новата песна на Иле Спасев (Фото)

Оваа година поп пејачот Иле Спасев ќе ја одбележи со многу новости, како припрема за новиот албум кој веќе е во завршна фаза, така и песните кои се пуштаат полека во јавноста со цел полесно да се запаметат. Она што за брзо време ќе може да го слушнеме од неговиот опус е новиот сингл – песна во брз стил слична на претходната “Магија” која беше издадена кон крајот на 2013-та и за која Иле моментално подготвува видео спот. “Магија” е веќе хит по радиостаниците, но и кај публиката.

“Многу сум среќен како се движат работите и се надевам дека конечно ќе го издадам својот албум на кој работам веќе подолго време. На албумот како автор на песните се јавувам јас, но и мојот драг пријател Александар Масевски кој е задолжен за продукцијата и аранжманите на голем дел од песните, а неколку песни ќе бидат и комплетно негово дело”, изјави за Иле за Музика24.

Сепак може од приложеното да се види дека Иле Спасев ги “засукал” ракавите, па решил овој период сериозно да се посвети на својот проект кој верува дека ќе наиде на поддршка на неговите фанови. Имено, тимот кој што работи на новата песна е истиот оној кој што стои зад “Магија”: Иле/Даниела Хаџи-Тоневска и Александар Масевски. Она што е исто забележливо кај поп пејачот е и новиот стајлинг, но и фотосесијата која ја работеше со познатиот фотограф Стефан Соколовски.

Во продолжение ви прикажуваме фотографија од снимањето на песната во Масевски студио.

Ile Spasev_studio masevski

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: