Младиот пејач Никола Станишиќ деновиве го снима неговиот видеозапис првенче за песната “Единствена“. Никола беше дел од популарните српски Тв шоуа “Пинкови ѕвезди“ и “Ѕвездите на гранд“. Вели дека таму добро поминал .
“Во овие тв шоуа барем како пејач ја победив тремата, добив голема самодоверба, што е многу битно за еден естраден уметник. Србија е голем пазар, за разлика од Македонија, таму е голема конкуренцијата и се е тоа ок. Македонските пејачи како да се во сенка, зошто ние овде немаме медиумско внимание. А како почетници зависиме од тоа. Колку и да имаш добар вокал, ако немаш машинерија која ќе те подгурне, џабе ти е се. Естрадните новинари се нашата голема подршка,и публиката секако“, вели Никола.

Тој веќе има “тезги“ низ целата држава. Пее на приватни забави, клубови и дискотеки.
“Пеам буквално се, или пак тоа што публиката го бара. Се живее од музиката, не можам да се пожалам. Посебно кога свириме во дијаспората. Ја сакам музиката и живеам за неа. Секој од нас што почнува кариера, се надева дека еден ден ќе биде на врвот.Таков е и мојот план, да успеам“, додава Станишиќ.
Фото: Давид Ганевиќ
