Новинарката Валентина Ѓоргиевска Парго викендов на музичкиот фестивал “Канео фест 2013”, во Охрид освои Гран При. Ја изведе романтичната музичко-поетска песна “Убавецот мој”, во придружба на женското гитарско дуо “Бона Деа” и композиторот и аранжер на песната Ристо Апостолов. “Убавецот мој” е создадена по идеја на текстописецот Цане Трајчески, кој на фестивалот освои и награда за најдобар текст. Валентина со “Убавецот мој” ја освои и третата награда од жирито во кое беа директорот на Тв Морис Јован Трпески, познатата Снежана Хаџинаумова Липковска, менаџерот и поет од Америка Бошко Рајчовски- Пелистерски, адвокатот Светозар Ристевски и други менаџери и музичари.
“Верував дека магијата и романтиката на песната “Убавецот мој” совршено ќе се вклопи во магичниот охриски амбиент, овој пат на Долни Сарај, а јас и екипата почестени сме од највисоката награда на фестивалот и приемот од публиката”, вели Парго. Таа сними и спот во реализација на Стевче Дечев, во студиото Епајр во Скопје, во кој се појавуваат Бона Дена, Ана Николовска водителката од Скај нет, стилистот Даниел Николовски и неколку други млади таленти.
Инаку, на фестивалот беа изведени дваесеттина песни, и народни и забавни пејачи. Гран При во фолк делот, како и трета награда од жири освои Петар Нечовски. Од познатите фолк пејачи настапи и Виданка Георгиева. Уметничкиот директор на фестивалот беше Кристина Алексиеска. Телевизија Морис во соработка со Црвениот крст од Охрид ја организираше оваа музичка вечер, а собраните средства ќе бидат донирани во Црвен крст од каде ќе бидат распределени таму каде што има потреба.
Подготви: Редакција Музика24
