Музика на кирилица

“Новиот почеток” со нова песна и видео спот

Скопскиот панк-рок бенд “Новиот почеток” на својот на својата интернет страница промовира видео документ од нивните минатогодишни патешествија. Soundtrack-от на истиот е нова песна која нема да биде дел од ново албумско остварување, туку се надоврзува на минатогодишните искуства и токму тоа е причината за која бендот одлучи да ја објави како самостоен сингл. Песната беше напишана за време на нивната турнеја во мај 2012-та, а се работи за едно-ипол минутна, едноставна панк-рок нумера која “во детали ги објаснува случувањата и е базирана на вистински случки и околности”, јавуваат од бендот.

Уште еден важен факт е дека овој пат, освен музиката, текстот, аранжманот, дизајнот (за дигиталната обвивка), снимањето и монтирањето на видеото, и аудио продукцијата ја направи комплетно самиот бенд. Причината за ова е желбата на бендот да се врати кон основниот, поприроден и класичен панк-рок звук.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: