Музика на кирилица

Одложен концертот на Кирил Џајковски поради трагедијата во Кочани

Во овие тажни моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите и повредените во ужасната трагедија што се случи во Кочани. Во знак на почит кон сите погодени од оваа несреќа, концертот за филмска музика на Кирил Џајковски, кој требаше да се одржи на 6 април во Македонската опера и балет, е одложен и ќе се реализира на 15 јуни.

Сите купени билети остануваат важечки за новиот датум без потреба од замена. Доколку некој има потреба од рефундација, деталните инструкции ќе бидат испратени на електронска пошта.

„Ви благодариме на разбирањето и поддршката“, објави Џајковски на своите социјални мрежи.

Можеби ќе ве интересира: