Годинава, на 28-то издание на „Охрид фест- Охридски трубадури“, фестивалот става посебен акцент и дава голема подршка и можност за дебитанти, новите музички сили, кои би настапилеи во фолк и во поп вечерта.
Како што е познато, „Охрид-фест“ им дава приоритет на дебитантите, а покрај Тоше Проески многу познати пејачи своите музички почетоци ги имаа токму на ,,Охрид фест- Охридски трубадури”. Ова е одлична можност и вистинска шанса за почеток на сериозна музичка кариера.
Дебитанти, демо-снимките од вашите композиции е потребно да бидат со пратечки инструменти, пијано и гитара. Конкурсот е отворен до 15-ти април, а пријавувањето е на следните електронски адреси: [email protected] и [email protected].
