Деца и возрасни уживаа на првиот солистички концерт на популарниот рапер Тајзи, кој се одржа во саботата вечер во Универзалната сала. Уште од првата песна “Живеам за тебе” сите беа распеани и разиграни во стилот на Тајзи, кој ја наполни салата до последното место. Атмосферата го понесе и него, па на искреноста на публиката, реши да возврати со искреност и да открие детали од неговиот приватен живот.
“Татко ми лежеше во затвор, беше наместен, а мајка ми имаше тумор. Јас сум имал скромно детство. Но она што го замислив, ми се оствари”, рече Тајзи, најавувајќи ја песната “Родител”.
Се пееја неговите песни, кои од прва до последна се хитови. Ги испеа “Љубов”, “Моментот”, “Чувај ми го боже”, “Така пишано е” и многу други. На крај на сцената како гости се појавија Слаткаристика и Ферус Мустафов, со кои тој ја отпеа песната “Дими џам”. Тајзи не го криеше задоволството од успешното на неговиот долго сонуван концерт. Иако преморен, рече дека по концертот слатко заспал.
Извор: Вест
