Васил Гарванлиев има бугарски пасош. Македонскиот претставник на Евросонг во интервју се фали дека поседува бугарски пасош. На прашањето на водителот од каде бугарски пасош тој започнува приказна за неговата баба, но приказната не завршува. Што со неговата баба останува нејасно, но она што Васил јасно го кажува е дека Струмица е блиску до Бугарија.
“Далечен роднина на мојата баба е роден… Струмица е блиску до границата со Бугарија, јас сум од тој крај на државата, и затоа”, вели Гарванлиев. Делот каде тој вели и зборува дека има бугарски пасош се наоѓа на 11:21 на видеото подолу.
На МТВ беше промовирана нашата евровизиска песна и видео записот за истата. Станува збор за нумерата „Here I stand“ со којашто Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-то издание на Евровизија во Ротердам. Но, набргу по промоцијата на социјалните мрежи се актуелизираа обвинувања дека во спотот се забележуваат боите на бугарското знаме, што наводно, претставува намерна или случајна провокација.
Извор: Република.мк
