Музика на кирилица

Овогодишни евровизиски претставници на Македонија се Есма и Влатко Лозаноски – Лозано

Есма Реџепова и Влатко Лозаноски – Лозано ќе ја претставуваат Македонија на претстојното 58-мо издание на најголемиот меѓународен музички фестивал во Европа – Избор за песна на Евровизија,  кој ќе се одржи од 14-ти до 18-ти мај 2013-та година во Малме, Шведска. Композицијата за настапот на евровизија дополнително ќе биде избрана.

“Според сопствените ингеренции кои што ни ги дава ЕБУ за избор, односно определување на национален претставник на овој музички натпревар, МРТ одлучи оваа година, како претставници на Македонија, честа да им припадне на две реномирани имиња од македонската музичка сцена – Кралицата на ромската песна во светски рамки Есма Реџепова Теодосиевска и нашата поп ѕвезда Влатко Лозановски-Лозано. Со овој необичен спој на искуство и младост, МРТ верува дека ќе ја постигне единствената посакувана  цел – достојно претставување на Македонија пред европската и светска  културна јавност”, се вели во денешното соопштение од МРТ.

Македонската Радио Телевизија смета дека овој тандем, во комбинација со совршената композиција која треба да биде добиена по пат на нарачка од неколкумина етаблирани македонски композитори, како и интерниот избор на една од нив, ќе се добие комплетен производ за кој верува дека ќе вроди со плод. Официјалното претставување на композицијата со која Македонија ќе се натпреварува во Малме, ќе биде кон крајот на февруари 2013-та во студиото 3 на Македонската телевизија.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: