Музика на кирилица

Панчо од ДНК во стабилна состојба по пожарот во „Пулс“

Фронтменот на бендот ДНК, Владимир Блажев – Панчо, кој беше повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е во стабилна состојба и не е во животна опасност, соопштуваат од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, каде што е хоспитализиран.

„Пациентот се наоѓа во единицата за интензивно лекување, каде што му се обезбедува највисоко ниво на медицинска грижа. По спроведеното интензивно лекување, можеме да потврдиме дека неговата состојба е стабилна и дека во моментов е надвор од животозагрозувачка состојба. Лекувањето продолжува под надзор на мултидисциплинарен тим лекари, со цел да се овозможи најдобрата можна медицинска грижа“, стои во официјалното соопштение на болницата.

Оттаму апелираат да се избегнуваат шпекулации и непроверени информации во јавноста, потенцирајќи дека единствено официјалните медицински извештаи се релевантни за здравствената состојба на Панчо.

Можеби ќе ве интересира: