На 28 јули со почеток во 20.30 часот, во амфитеатарот на паркот “Галерија на отворено” пред Домот на културата “Илинден” ќе се одбележи патрониот празник на Општина Илинден и националниот празник – Илинден.
Под мотото “Со Илинден традицијата продолжува” на манифестацијата ќе настапи дуото “Next Time”.
Манифестацијата ќе трае неколку дена а покрај централниот хепенинг ќе има спортски и други културни настани.
