Музика на кирилица

„Pluto`s Doubts“ виртуелно ќе настапат во Лондон и Њу Јорк

Бендот „Pluto`s Doubts“ месецов ќе има две интернационални претставувања во два светски центри – Њу Јорк и Лондон.

Имено надежните „Pluto`s Doubts“ на 17-ти октомври ќе учествуваат и настапат на конференцијата „Мондо“ во Њу Јорк а на крајот на месецов на 30-ти октомври на фестивалот „Gotobeat“ во Лондон.

Заради ситуацијата со пандемијата и неможноста за патување, тие ќе настапат со live-stream видео, изведувајќи песни од нивниот деби албум ,,Сизиф” но и објавени и необјавени синглови.

Симеон и Дарко од „Pluto`s Doubts“ минатиот месец во интервју за Музика 24 го најавија нивното учество на „Мондо“.

-„ Ние сами се пријавивме за таа конференција и за чудо не примија. Многу сме среќни, но за жал поради корона кризата нема да патуваме таму, туку ќе снимаме некој live-stream кој ќе го пратиме таму. Сакаме да се промовираме како бенд, но и да покажеме што има тука во нашава земја.“

Можеби ќе ве интересира: